ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО, ЕДУКАЦИЈА И ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ ДООЕЛ Скопје (ЦЕЕТТ)
ЦЕЕТТ е друштво основано во 2018 година од страна на „Универзитетот Мајка Тереза“ во Скопје. Работи во полето на едукација на кадри и нивна професионализација нудејќи курсеви и обуки според реалните потреби на пазарот. Наставниот и професионалниот кадар на основачот е во целосно располагање на Центарот и до сега има сертифицирано три обуики а во тек се изработуваат и други во зависност од потребите. Предмет на работење на друштвото како приоритетна дејност е Техничко испитување и анализи.
Основана од страна на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, високообразовна институција која во своето работење ја има евидентирано големиот јаз помеѓу формалната едукација и практичната работа, анализирајќи ги потребите од пазарниот труд и професионалноста на кадрите кои излегуваат од формалното образование.
Центарот претставува директен ангажман да се промени таа слика, со понуда на едукативни програми, кои даваат можност на кандидатите да ги стекнат суштинските теоритески вештини комбинирани со практични вештини за да постигнат повисоко ниво на стручност.
Центарот нуди курсеви и обуки кои се барани во пазарот на труд од областа на :сметководство, претприемништво, јазици, економетрија, изработка на податоци итн, подготвени од стручниот кадар со долгогодишно искуство во тие области.
ВИЗИЈА:
Визијата на ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО, ЕДУКАЦИЈА И ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ ДООЕЛ Скопје, е да биде лидер во образовниот систем за возрасни преку креирање на програми кои ќе одговараат кон релните потреби на пазарот на труд.
МИСИЈА:
Мисијата на ЦЕНТАР ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО, ЕДУКАЦИЈА И ТРАНСФЕР НА ТЕХНОЛОГИИ ДООЕЛ Скопје е да придонесе кон развојот на професионални и квалификувани кадрови преку образовни програми за возрасни кои ќе бидат од корист на реалниот сектор, поставувајќи мост на поврзување на образованието на возрасни со потребите на пазарот на трудот.
БАЗИЧНИ ВРЕДНОСТИ:
Основните вредности на Центар За Претприемништво, Едукација и Трансфер на Технологии Дооел Скопје се:
- Посветеност- во креирање на квалитетени програми и методи за учење;
- Стручност- кавлификуван и подготвен наставен кадар;
- Иновативност – поттикнување на иновативноста во креирање на обуки и методи прилагодувајќи ги со промените и новитетите на реалниот сектор;
- Етика и моралност – како основа за постигнување на професионализам во работата.